Eден Кинез се обидел да сокрие од неговата сопруга дека освоил повеќе од еден милион евра на Лото, Сега по судска наредба дека ќе мора да ѝ ја „компензира штета“.
Жу пред две години добил 8,43 милиони јуани во лотаријата. Откако ги платил сите даноци за добивката, му останале нешто повеќе од еден милион евра. Но, наместо да сподели радосна вест со сопругата, тој се однесувал како ништо да не се случило, пишува „Hangzhou Daily“. Интересно е што Жу од друга страна, бил дарежлив кон својата сестра и поранешната сопруга, на која ѝ помогнал да си купи и стан.
Кога неговата сопруга Лин дознала што направил, веднаш побарала развод. Покрај поднеднаква поделба на имотот, Лин побарала и 2/3 од добивката затоа што ја криел од неа.
Судот одлучил дека дел од парите се нелегално пренесени на сестрата и поранешната сопруга и го обвинил и за проневера. Тој му наредил и да ѝ го плати на сегашната сопруга бараниот дел од парите.


