Неговите торти се вистинска уметност: Тој прави предмети и животни во природна големина, Амори е популарен ширум светот, а тоа го покажува неговиот Инстаграм профил каде го следат нешто повеќе од 6 милиони луѓе

Ако можеме да кажеме, слаткарот, Амори е роден во Женева, Швајцарија, но тој е повеќе уметник кој се заинтересирал за готвењето уште од рана возраст. Веќе во 2005 година, кога имал само 14 години, се откажал од формалното образование и се преселил во Франција за да започне да стекнува кулинарско искуство. Првото стажирање го добил во индустријата за сол, но тоа не му се допаднало.

По две години поминати во индустријата за сол, се вратил во Швајцарија каде што посетувал училиште за кондиторски производи. За време оваа обука, тој присуствувал и на натпревар во чоколада каде што сфатил дека кондиторството е се што сака да прави.

Неговата едукативна програма трае 10 недели, а корисниците имаат можност да научат како да користат слатки, чоколади, сладолед и многу други намирници при правење десерти.

Амори е популарен ширум светот, а тоа го покажува неговиот Инстаграм профил каде го следат нешто повеќе од 6 милиони луѓе. Многумина велат дека тој е уметник кој прави чуда со чоколадо.

Тој прави од змејови и други животни до мотоцикли и многу други секојдневни предмети и работи. Неговите слатки креации често се прават во вистинска големина, а многумина често не веруваат дека станува збор за торта и дека сето тоа е за јадење.

Освен што држи предавања за кондиторски производи во своите работилници, тој решил да ’подучува’ и преку Инстаграм и Јутјуб, па освен фотографиите од неговите слатки уметнички дела, на социјалните мрежи, објавува и видеа на кои дел по дел може да се види и како сето тоа го направил.

Минатата година реши да го одбележи денот на независноста на САД со чоколадна креација и ја направил „Статуата на слободата“ висока преку 2 метри, за која потрошил над 52 килограми чоколадо. Својата работа ја започнал со изработка на постамент, кој потоа го обоил со боја за јадење, а по постаментот се префрлил на самата статуа каде се е претставено сосема реално, Посебно внимание посветил на деталите како факелот и Декларацијата на независноста.

]]>

Најчитани вести