Американската скијачка Линдзи Вон по паѓањето на тренингот во Колардо се сочува со можност да ги пропушти Олимписките игри во Сочи што ќе се одржат во февруари 2014 година.
Актуелната олимписка шампионка во спуст го повреди коленото и деталните прегледи покажаа дека станува збор на делумно напукнување на вкрстените лигаменти.
Вон требаше овој викенд да се врати на скијачките патеки откако во февруари годинава на Светското првенство во Шладминг во трката во супервелеслалом ги повреди вкрстените лигаменти.
Поради операцијата и периодот на рехабилитација Вон беше надвор од натпреварувањето и тренинзите долг период.


