Нема да се интервенира на Селечка Планина по синоќешниот пожар

На Селечка Планина над Прилеп, нема да се интервенира по пожарот што избувна синоќа под врвот Чуле, информираат од прилепската противпожарна единица.

– Засега нема да интервенираме, зашто нема ниту чад ниту оган. Ситуцијата ќе ја следиме, вели Станко Колески, командир на противпожарната единица.

Според Колески, вчера се запалиле трева и деградирани лескови дрвја под врвот Чуле кај месноста Попова Нива и биле зафатени околу 10 хектари. Тој тврди дека немало опасност да зафати шумски стебла и поради непристапноста на теренот, ноќеска не интервенирала противпожарна екипа. Колески потенцира дека нема потреба од интервенција, но постојано ќе се следи ситуацијата на планината.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести