Нема одмор додека не се разбуди Министерството за образование и не ја прифати одговорноста, порачаа демонстрантите

Илјадници просветни работници, студенти, ученици и граѓани се уште се на протестот пред Министерството за образование во Белград, од кој порачаа дека „нема да има одмор додека тој ресор не се разбуди, не ја разбере реалноста и не ја прифати одговорноста“, објави beta.rs

Сообраќајот на улицата Немањина, пред паркот Мањеж, се уште е во прекин, а претставници на предучилишните установи оставија пораки и транспаренти пред зградата на Министерството за образование, бидејќи повеќе полицајци и безбедносни лица, како и голем број обезбедување, не дозволуваат учесниците на протестот и новинарите да се приближат до влезот во зградата.

Претставниците на неформалните здруженија на просветните работници, кои го организираат протестот, прочитаа заедничко соопштение во кое истакнаа дека сметаат дека најголемата одговорност за актуелните состојби во тој дел е на ресорното министерство, кое, според нив, на никаков начин не придонесе за исполнување на барањата на студентите, учениците и наставниците.

Наместо да одговорат на барањата, тие ги претставија студентите и учениците како млади луѓе кои нема да учат, а наставниците како оние кои нема да работат“, рече еден од професорите на протестот.

Тој додаде дека професорите морале да застанат покрај нивните студенти и ученици и да очекуваат Министерството за образование да застане на нивна страна.

„Потребна ни е поддршка, а не осуда. Затоа го повикуваме Министерството за образование на одговорност и да направи се за што поскоро да се надмине оваа состојба, согласно нашите барања“, рече професорот.

Протестот под слоганот „Ти си одговорен – од тебе зависи“ почна околу 15 часот, а најавено е дека ќе трае четири часа.

На средбата, околу 18 часот, на белградските просветни работници треба да им се придружат и професори од Нови Сад кои го трчаат штафетниот маратон од Нови Сад.

Протестот е организиран од неформалните заедници „Пулс“ на основните и средните училишта во Белград и неформалната иницијатива „Побуњени универзитети“.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести