Дарко Лазиќ вчера го прослави Ѓурѓовден во Брестач, а на прославата присуствуваше и неговата поранешна сопруга Ана Севиќ со која има ќерка.
Имено, Дарко Лазиќ и Ана Севиќ неодамна ги испеглаа односите, а освен што водителката беше на свадбата на поранешниот сопруг, таа вчера дојде кај него во Брестач по повод Ѓурѓовден.
Дарко ги собра семејството и пријателите во Брестач по повод прославата на семејната слава Ѓурѓовден, а на прославата присуствуваше и Ана со сопругот Даниел Недељковиќ.
На видеата може да се види дека Ана и Даниел имале посебно место и дека одлично се забавувале, не симнувајќи ја насмевката од лицата, па направиле и заедничко селфи, пишува Пулс онлајн.

Да потсетиме, Ана неодамна се врати на работа и повторно почна да ја води емисијата „Ѕвезде Гранда“, а како што откри во големото интервју за „Супер ТВ“, ја поддржал и поранешниот сопруг Дарко Лазиќ.
– Каќа и цело нејзино семејство ми честиташе, добив многу убави пораки од нив и тоа исто така многу ми значи. Дарко ми честиташе и ми рече: „браво топ, тоа е за тебе, ти си тоа“. Сите ми донесоа прекрасна енергија и особено сум благодарна – изјави Севиќ.


