Годинашното издание на „Евровизија“ во Копенхаген можеби нема да биде без учесници од Србија.
Во Данска ќе патува Тамара Савиќ (35), вируоз на виолончело, како претставник на Белгија.
Нејзината група „Ekskluziv strings“ е миленик на Белгијците и може да ја однесе победата на белгискиот натпревар, кој ќе се одржи на 3-ти декември. Српската публика ја запозна Тамара на концертите во Ниш и Белград, каде што таа беше ѕвезда на сценско – музичкиот спектакл на Сања Илиќ „„Konstantinus Magnus“.
– Ние сме како „Спајс грлс“, само што изведуваме поп класика. Имаме 150 концерти годишно низ целиот свет. Бевме во Индија, Блискиот Исток, минимум еднаш месечно настапуваме во Кан и во Монте Карло – изјави Савиќ за српски Курир.
Во Белгија таа заминала пред седум години, а со групата настапувала на Евровизија во 2011 година. Во бендот има уште три девојки од Холандија, Канада и Русија.
Инаку, РТС до 10 јануари следната година има време да ја преиспита својата одлука да се откаже од Србија и да се најде средства да учествува во натпреварот. Во Данска досега се пријавени 37 земји.
Но, Тамара не е единствената Србинка која има можност да учествува на годинашната Евровизија. Српскиот Елвис Присли можеби ќе биде претставник од Шведска.
Желимир Кулишиќ, живее во северниот дел на Европа, каде што гради музичка кариера.
– Желимир доби покана да учествува во шведската национална селекција, но поради обврските за новиот албум, не е сигурен дали ќе може да одговори на повикот, вели изворот на „Медио.рс“.



