Ненад Јовановиќ: Катица Јанева против забревтани пцишта

Нападот кон Катица Јанева, таа шармантна жена, претставува типичен симптом дека нашиот политички живот се одвива на самата површина, што значи забрефтаното мнозинство удира на лично, персонално ниво, несфаќајќи дека ако го нема СЈО, ја нема Македонија; ако ја нема првдата, ја нема ниту државата

Тоа што се случуваше на Седницата на собраниската комисија, личната фрустрација (и хистерија!) која се канализираше према Катица Јанева, јасна е и разбирлива. Мнозинството, дел Груевистичко, дел „независно“, злосторството го негира затоа што за него е одговорно. Таканареченото груевистичко мнозинство се терети за: Скопје 1. одбива да ги достави доказите за Пуч, криејќи ја одговорноста кој и’ за што во наше име прислушувал; 2. каде се чуваат тие сензитивни материјали, дали се зачувани или се уништени на „преса“ или „дробилица“; дури има сомнеж дека тие прислушувани материјали се запалени на некоја неодредена локација за да не’ остане трага (Тортевски А.). Оттука, СЈО се формира за да ги истражи кривичните дела кои произлегуваат или се поврзани со незаконски прислушуваните материјали. Што значи од СЈО нема бегање, без разлика колку хистерија и злоба ќе користи „мнозинството“ на Груевски.

Пред да се вратиме на Катица Јанева и нејзината работа во СЈО, фер е да потсетиме на некои работи кое веќе се случија, а беа „уништени“ од теророт и хистеријата на „мнозинството“. Во моето релативно поголемо митингување и „трибинско“ дебатирање, секогаш имаше очи кои сакаа тие митингувања и „трибинашења“ да ги растурат. Најпресно е приведувањето на младите активисти од Кавадарци кои, нели, фрлале и’ ја боеле Општинската зграда. За таквиот „дисидентски гест“, двајца млади кавадарчани беа на информативен разговор во локалната полициска станица, претпоставувам како некој чичко со бркови, во темна просторија, под неонска ламба ги укорувал зошто и за чија корист го рушат системот, ја подриваат државата, опасно перат мозок, сакаат да го воведат лошиот Запад на територија на Кавадарци и останати трици и шлајшупки, знете и сами како се’ тоа оди. Вистината е дека тие млади луѓе се испљачкани, нивната иднина е доведена во прашање заради разните партиски притисоци: за некои државата е мајка, а за некои маќеа. Удирале младите активисти од Кавадарци во Општинската зграда? Удирав и јас, зошто и мене не ме приведоа, ќе остане енигма. Може се плашеле дека имам матна водичка во ранчето со која може да ги попрскам и’ да ги превратам во опозиционери, слуги на мрскиот Запад?

Неколку есени порано, во држава која (незаслужено на сите избори до сега) владее Никола Груевски, во град Кавадарци ги држи сите полуги на моќ сите неколкугодишни есени, зими, пролети и лета, не беше одржана трибина во која, покрај другите луѓе, ќе зборува и мојата „шпунска“ маленкост. И што се случи? Ништо, освен што се случи „народ“, хистерија, врескање, урлање. А знаете како на крајот излегува кога тоа урлање ќе се комбинира со авторитаризам, популизам и идиотско безвластие? Така што Груевски ќе ги пушти своите пцишта задолжени за создавање на „соросоиди“, „шпиуноиди“, странски платеници, Западни сили кои сакаат да го уриваат Македонскиот систем. Е, заради ваква реторика, која, за волја на вистината стига и’ до Груевистичките пратеници, Катица Јанева не може да биде ништо друго освен „соросоид“, „платеник“, „шпун“, „амерички елемент“ и’ плус и’ на тоа слично. Досадно и глупаво до болка!

Што овде имавме, за каква „политика“ стануваше збор? 1. Пет нормални луѓе, неосудувани, мирни и слободни граѓани кои – користејќи ги своите уставно загарантирани права – сакаа нешто да им кажат на оние кои сакаа да слушаат, без обврска со такво зборување да се сложат; немавме намера да повикуваме на насилие, етнички и расни омрази, протерување, не сакавме да му славиме роденден на Химлер, Хитлер, Геринг, Груевски, Миле војводата; ако сакавме, претпоставувам дека вакви проблеми ќе немавме. 2. Локалната власт во Кавадарци, оние Груевисти… – оние кои (ин)дискретно ги сервисира разулавените Групи за Притисок кои мислат дека имаат атестирани машини за проверка на патриотски промили во крвта за да можат да ни соопштуваат дијагнози; 3. Државна власт која се прави „на Тошо“ дека тоа не се случува и дека такво нешто се случува на друго место, што само може да значи дека тие се нивните мевотрубадури.

Имено, бидејќи не ни дозволија да зборуваме, паралелно се појави на локалната телевизија некое здружение на „Патриотска Македонија“, надвор од програмската шема (?), некои месни и примесни опскуранти од виртуелната груевстичка патриотска ДПМНЕ (плус „луцидниот“ кавадаречки „Оцо наш“, сите мои стари пациенти, се загрижив нешто да не’ им се случило…), се претставуваат како Глас на Народот, урлаат и хистеризираат низ Кавадарци како некои антимакедонски елементи, платениците на Сорос (слушај, платениците на Сорос! Ало, има ли некој тамо при свест?! Добро, зарем во Кавадарци нема служба за згрижување на возрасни?!) ги повикуваат Свесните Граѓани да се соберат на „инкриминираното“ место и’ да слушнат што тие луѓе имаат да им кажат.

Зошто таква збрка на територија на Кавадарци, се прашувате? Од елементарен страв, велам јас, а од што друго? Зарем може да има страв од Никола Груевски, тој љубител на партискиот плурализам во Македонија, љубителот на боксерски ракавици и внимателниот исчитувач на Џон Стујард Мил? Зарем вие мислите дека слободни, мирни граѓани кои имаат што да кажат во јавниот простор ќе поминат неказнето од нашиот патритски кмет? Вие сигурно се шалите. Не само да е тешко, туку оваа и ваква Македонија, земја која стравот ги живее своите sвездени моменти, фашизоидното насилие кои на почетокот почнува реторички, ама… – бандата од самоовластени „патриоти“ допрва ќе ја доживее својата апотеоза, ако нешто не се промени брзо и јако! Изборите се најпресниот тест за тоа. Башка што јавно и јасно предупредувам (додека сите бледо ме гледаат, боже прости ми, како да сум недоветен) – во Македонија владее масовна хистеризација, тоа е врвниот и единствениот политички дискурс во оваа држава. Било кое прашање нема да може да се решава после изборите затоа што се’ е веќе надрндано и хистеризирано.

Што имавме овде, за каква „политика“ стануваше збор? 1. Пет нормални луѓе, неосудувани, мирни и слободни граѓани кои – користејќи ги своите уставно загарантирани права – сакаа нешто да им кажат на оние кои сакаа да слушаат, без обврска со таквото зборување да се сложат; немавме намера да повикуваме на насилие, етнички и расни омрази, протерување, не сакавме да му славиме роденден на Химлер, Хитлер, Геринг, Груевски, Миле војводата; ако сакавме, претпоставувам дека вакви проблеми ќе немавме. 2. Локалната власт во Кавадарци, оние Груевисти… – оние кои (ин)дискретно ги сервисира разулавените Групи за Притисок кои мислат дека имаат атестирани машини за проверка на патриотски промили во крвта за да можат да ни соопштуваат дијагнози; 3. Државна власт која се прави „на Тошо“ дека тоа не се случува и дека такво нешто се случува на друго место, што само може да значи дека тие се нивните мевотрубадури.

Не сум параниок, ниту сум склон на теоријата на завери, само се обидувам да размислувам логично: било во почетокот спонтано или не, работите станаа до таа мера сериозни – Катица Јанева е тест! Ако тоа сега им пројде, Македонија ќе влезе во тежок хаос. Ако Катица Јанева е Македонија, тогаш и’ Кавадарци е Македонија. А, Македонија „ним“ не им припаѓа повеќе од мене, или тебе,  без разлика што по ѓаволите „тие“ мислеле за тоа. Оти верувам дека повеќе нема да им дозволиме да бидеме „островче“ и’ да ги слушаме најлошите меѓу нас како ломотат и урлаат низ цела Македонска територија! Се гледаме на улица, на плоштади, се гледаме пред СЈО, се гледаме во Кавадарци, се гледаме било каде. Се гледаме на избори (!), затоа што ваква Македонија повеќе е неможна.

Пишува: Ненад Јовановиќ,
граѓански активист

 

 

 

 

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести