Ненад Јовановиќ: Предизвикувачот во нокаут

Луѓето се, чест на исклучоци, прилично лекомислени, особено тогаш кога ќе ги натерате да се „опуштат“ и да го прифатат оној вид однесување кое се наоѓа некаде „под прагот“ на цивилизацискиот стандард.

Ете како доаѓа до тоа кога некогашни „фини луѓе“ и „феноменални комшии“ преку ноќ, со „ништо предизвикани“, да се претворат во монструми и убијци: не се работи за никаква мистична трансформација достојна на хорор-филмови, туку се работи за тоа што „допуштија“ тенката и порозна цивилизациска опна да ја пробие мракот. Натаму оди сѐ како само од себе. На случувањата во Собранието и тоа како им претходеше омразата: системска, грижливо одгледувана. Циклусот на организирана омраза не е воопшто тешко да се започне; со неговото запирање, пак, има повеќе проблеми. Што би се рекло, „тоа кога ќе фати, не пушта“.

Она што овие денови се случуваше во Собранието е „добар“ показател како „инерцијата на омраза“ има свои закономерности; ако, пак, некој ги армира со бетонска табла од својата шовинистичка демагогија, таквиот бедем станува прилично непробоен. Ама нашата приказна треба на вистински начин да се контекстуализира обидувајќи се да ја откриеме вешто прикриената смисла.

Во Скопје, имено, некоја сурија од конкретни луѓе го нападнаа лидерот Зоран Заев (и неговите пратеници), сакајќи да ги убијат, потоа, разбирливо, тоа се претвори во мега-скандал карактеристично проследено со хистерично-хушкачка реторика од оние луѓе кои се „национално навредени“: се работи за здруженија на Груевски кои во суштина се профашистички силеџии, пропалици и социопати, нам претставени нели, како „витези-бранители“ на нацијата. Насилнички фаланги кои се изживуваа над секој пратеник што го дофатија. Потоа, сосема предвидливо, патриотските медиуми направија силно и јавно урлање така што уште зборот „геноцид“ не беше употребен, или можеби беше, ама тоа ми останало незабележано…

Пропагандните медиуми и таблоиди лудуваа, а богами и некои „сериозни“ и „традиционални“, што значи по светонадзор конзервативни и етноцентрични, објавувајќи цели фељтони за таканаречените „умни“ и „учени“, оние „трезвени“ аналитички ставови за, да речеме, „истрајниот и неуништив феномен на Македонецот“, кој притоа, пази богати, ги надживува нашите политички, културни и останати проекти победувајќи ги сите историски и современи трауми во односот на блиските народи и соседни држави.

Што во сето ова е индикативно? Пред сѐ, се работи за „потиснати“ фашисти на кои им се дозволи да „уживаат во насилството“, од друга страна Груевски тоа прилично „рационално“ го менаџираше, или што би се рекло „интересно“, партократски: на етно-центричниот ум од корист му е неговите патолошки и „садомазохистички“ односи со Другиот (било кој друг, СДСМ, ЦИА, Сорос, Миле комшијата, сеедно) да перпетуираат до лоша бесконечност. Секоја можност за коренита промена во таа смисла треба да се предупреди; ако, пак, веќе се случува, треба да се негира; а, ако, јебига, веќе се случила, треба да се отфрли (или во нашиот случај убие!) сѐ со цел како би можеле повторно да регресираме во претходниот стадиум.

Eдноставно речено: се работи за циклус на омраза што не смее да запре, во спротивно деноноќниот патриотски дискурс ќе остане без тема. А со самото тоа ќе изгуби. Ќе ја изгуби причината на своето постоење. Тоа гомно мора да мрази, ме разбирате?

Делови од политичката, медиумска и општествена патриотска квазиелита, имено, прво ја поттикнуваат омразата, нетолеранцијата и насилието, потоа не прават ништо важно како би ги осуетиле, а како тоа повратно ќе се случи и на „нивните“, тогаш им се пружа прекрасен шлагворт за сладострасни сеанси од самооплакувачки автомистификации за „нас добрите“ (ама и наивни), и „тие лошите“. Заклучок: најдобро е со нив да си немаме никаква работа… Така некако се објаснува будалаштината на Никола Груевски кој изјави пред некоја ден: „Ако сакаа да го убијат, ќе го убиеја“… Дури, сака мајчиниот да каже дека виновникот е на другата страна, на онаа страна на која оние кои „упорно не тераат да се сакаме“. Што во некоја смисла би се работело за „противприроден блуд“, нешто што Груевски не изговара, ама недвојбено се подразбира. Сѐ би било поинаку, сака да ни каже Груевски, кога некои безвезни „утописти“ ќе ги баталат политичките работи внатре во својата „заедница“, и кога во оваа држава ни создадоа некаков невидлив Кинески sид. Нѐ обединуваше Груевски така што нѐ раздели, па сега е време да нѐ исшиба по телото, како би можело сѐ да нѐ боли…

Важноста на наведената изјава на Груевски е што во неа е сѐ соголено и без многу завиени изречености; ако јас се прашувам, таква изјава не смее да помине во никаква сериозни и „конзервативни“ медиумски звучни слики, или во превод: од Груевски вресна лошата бесконечност, од Груевски вресна „сите против сите“, од Груевски вресна оргија на просташтво и нискост, од Груевски вресна „ловиште“ за сите оние бедници кои на таква реторика профитираат изминативе години. Затоа на овие патриотски битанги, парадоксално, ќе им биде потребно враќање на приказната наназад. Имено, бидејќи ништо сериозно немаат, а тоа значи дека се обични мародери, пљачкаши, битанги, па затоа испуштија стотина билмези да дивеат во Собранието од својата луда и празна глава. Од нив, односно од таквите празноглавци, во некоја реторичка „антиалхемија“ неопходно е да се создаде некоја идеал-типска багра – или „претставници“ од луѓе кои ќе ја преминуваат црвената линија, не би ли успеале да го создадат повторно „легитимитетот“ обидувајќи се работите да се движат според добро разработените матрици, создавајќи патриотски параван за повторна пљачка, убиства и насилства.

Што сакаше, на крајот, „соросоидот“ да ви каже: Организираната и системска омраза е бизнис како и секој друг: од него многу убаво се живее, и затоа секој возможен интерес е нејзиниот производен цуклус никогаш да не застане!

Ненад Јовановиќ

Граѓански активист

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести