Дојде до таму што треба да почнеме од елементарните факти. Имено: 1. Македонија со Груевски како парламентарна демократија е мртва. 2.: Никола Груевски постои. Виртуелниот Груевски го собра повторно целото внимание, креатурата надмоќно го победи креаторот, ама креаторот од самиот почеток тоа го сакаше. И за малку ќе успееше, ако тоа што се случи во Собранието, завршетокот беше убивство. Зоран Заев и пратениците останаа живи. Груевски, како што гледаме, се’ уште не е уапсен, ама големо прашање е дали ние за тоа воопшто сме свесни?
Со часови блееме во телевизорот, следиме и коментираме случувања од Собранието. Ама што навистина овде претставува „случување“, што овде се случи? Во еден неверојатен перверзен преврат на улоги, испадна дека фашистичката багра, која овие денови се влечка полу-мртва по улиците на Македонија, има голем напад на реалност: спремна беше да го убие Зоран Заев и пратениците од мнозинството, а за Груевски баш им е гајле, што се однесува до нив, овој може уште веднаш да цркне; за нас останатите, пак, важно е дека Никола Груевски се’ уште не е уапсен. А зошто да биде уапсен, се прашувате.
Прво, кои луѓе пред Собранието ја штелуваше фашистичката багра: фамозниот Бетмен и опскурниот Дамовски. Зошто Собранието не беше во полн безбедносен капацитет, пропуштајќи ги фашистичките бараби со качулки слободно и непречено да минуваат до просторијата кајшто се наоѓа лидерот Заев и пратениците? А што ако се случеше убиство? Што ако некој беше убиен? Тоа што го работи фашистичката фаланга на Груевски низ улиците, а потоа и во Собранието е одвратно и гнасно, но сепак, во некоја мера (внатре или од надвор границата) е легитимно „занимавање со политика“. Освен што знаеја дека Никола Груевски не е уапсен, знаеја исто така дека евентуалното убиство на Зоран Заев за нив ќе претставува политичко-историски чин par excellance, и дека после ова сценарио, ниту може ниту смее се’ да биде исто. Дали за тоа се свесни оние кои го поддржуваат Никола Груевски со неговата фашистичката багра? И дали за тоа се свесни оние кои тоа им е работа да во јавноста посредуваат релевантни информации за она што навистина се случи, отколку безвезно да ја анализираат реалноста околу себе? Што, на пример, пуштаа Канал 5., Сител и останатите режимски телевизии додека траеше крвавиот пир во Собранието?
Не сум така наивен, ниту неупатен како работат медиумите. Ниту имам намера да премолчувам очигледни вистини. Секогаш кога има некоја епска свинштина во државата, Груевски го нема, што значи го има неговото „друго ја“, персонифицирано во фашистичката багра која беше спремна да го убие Зоран Заев и пратениците. Како што гледате, најголемиот проблем за оваа земја претставува тоа „друго ја“ кое го прикрива она „прво“ и „вистинско“, а тоа е Никола Груевски лично. Проблем не е Никола Груевски, најголемиот проблем е што Никола Груевски создаде од оваа земја и луѓе. Никола Груевски како личност е жива заебанција. Креатура за потсмев, безвезна слика и појава. Со него немаме никакви нерасчистени сметки. За него ќе се погрижи СЈО. Но што правиме со онаа сурија од здивени кои во име на „татковината“ или што-тамо-веќе, спремни се да убиваат, пљачкаат, колат… Што со тоа кое Никола Груевски го произведе?
Имено, што е тој проблем, и кое каде се скрива? Најпрво, Никола Груевски ќе биде осуден за најголеми возможни злосторства кон сопствениот народ, тука нема сомнеж. Друго, колку што се знае, Никола Груевски никого лично нема убиено – како што нема убиено ниту Милошевиќ, како што нема убиено ниту Хитлер, кога сме веќе кај тоа; меѓутоа, она што убиваше, она што сееше смрт, страв, пљачка, протерување, гонење и секое друго зло за кое можете да се сетите беше „неговата политика“; таа, пак, произлегува од неговата идеологија, која притоа, немојте да се зезаме, не е изворно негова: не може еден гротескен, помпезно-нарцистички медиокритет да осмисли било каква „идеологија“. Ама затоа може да ја „спроведува“, о, да, и тоа како. Таа „идеологија“ настаната во одвратните дувла и кабинети, а Никола Груевски беше само „теренски намесник“ на „помудрите“ од себе, „претседател на комисија за спроведување на акционен план“ воден под шифра „Република Македонија“. Што содржеше таквиот план? Етнички чиста Македонија, избришани сите комуњари, сорошевци, проамерички настроени. Кои беа апсолутните материјали неопходни за таквиот „акционен план“? Чистење на „шиптари“, „соросоиди“ и „комуњари“, звучи супер и фенси, проста маса брзо се пали и жари. Со таквата нарација, самата Македонија не може да постои никако поинаку освен како злосторство. Репресијата, иселувањето и смртта влегуваат во образецот на „националниот идентитет“ на Македонецот, прекрасен параван за пљачка, силувања, репресија, лудила… Манијаците и лудаците никогаш немаат проблем со жртвување на „своите“ – само за да може нивните академски газиња да продолжат да седат удобно и топло во своите фотељи…
Што беше останатото – сите веќе предобро знаеме. Како се однесуваше умрената Македонија изминативе години – и тоа знаеме. Мнозинството мудро молчеше, а шака од луѓе се бунеа и протестираа како знаеја и умееја, патетично осамени и презрени. И затоа денес има толку многу луѓе кои не веруваат дека Никола Груевски „може да биде злосторник“. Оти, нели, ако Никола Груевски е злосторник, тогаш се поставува прашањето: а, какви сме, тоа, ние, луѓе, ние, бре, од тивкото мнозинство кои не успеавме да видиме дека цела време се работеше за социопат и злосторник: па, тоа е, бре, фин човек, продуховен, интелектуалец, економист… Овој наратив, се разбира, важи само за овој наш свет локален; надвор од Македонија, а тоа е повеќе од јасно, Никола Груевски е еден од најголемите тирани за целиот Европски, современ и цивилизиран свет. Оттука доаѓа таквата „нелагода“ за него на таков начин да се зборува. Затоа Никола Груевски е еден бизарен, потполно безопасен лик, кукавица, кој не може да влијае подалеку од овој Македонски вилает. Ѓаволест план, мора да признаете, за малку ќе успееше.
Ненад Јовановиќ
Граѓански активист


