НЕОБЈАВЕНО ВИДЕО: Џон Кенеди неколку моменти пред атентатот

Само минута пред атентатот на Џон Ф. Кенеди направено е кратко видео кое до сега не било достапно за јавноста. Видеото во боја, кое е снимено неколку моменти пред атентатот на Кенеди, го прикажува претседателот во опуштена атмосфера додека се вози по улиците на Далас.

Авторот и сопственикот на ова видео е канцеларискиот службеник Андре Лече кој тукушто ја купил својата камера и помислил дека овој настан е вистинска шанса да ја испроба. Лече починал во 1987 година, а неговиот син Пол ја открил снимката дури оваа година, кога во сефот на својот татко нашол жолта Кодак кутија со натпис Кенеди.

Месецов се одбележува 50-годишнината од убиството на Џон Ф. Кенеди.