Нетанјаху: На Израел му е потребна голема армија, преминавме од ограничување кон иницијатива

 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека на Израел му е потребна голема армија, со резервни формации во нејзиното јадро.

– Резервните сили се фундаментална компонента, клучен елемент. Ни треба голема, силна, а воедно и паметна армија, рече Нетанјаху на конференција со високи резервни офицери, на која присуствуваа и министерот за одбрана Израел Кац и началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, генерал-потполковник Ејал Замир, јави „Тајмс оф Израел“.

Според него, децении пред нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, израелската армија ги затвораше резервните единици, движејќи се кон „мала, паметна“ армија заснована на високо обучена сила од активни регрути.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести