Слоновите се фасцинантни на многу начини: Тие се сеќаваат и ги оплакуваат своите најблиски, дури и години подоцна. Кога ќе поминат покрај местото каде што нивните сопатници ги загубиле животите, тие застануваат во тишина која може да трае неколку минути.
Со нежност толку неприкладна за нивната големина, тие ќе ги допрат коските на оние кои одамна ја напуштиле патеката на животот. Ќе ги помирисаат, ќе ги погалат, како на овој начин да се сеќаваат на заедничките авантури… Тие важат за едни од најинтелигентните и најчувствителните суштества на планетата, кои често им доаѓаат на помош на послабите, помалите и, фасцинантно и на припадниците на другите видови.
Мозокот на слонот е со големина околу 5 килограми, што е три пати поголем од оној на просечниот човек. Според најновите истражувања, слоновите развиваат сложени социјални интеракции, вербална и невербална комуникација, нежност и емпатија кон сопствениот и другите видови, знаат да користат алатки, имаат самосвест и широк емотивен спектар, заеднички донесуваат групни одлуки.


