Никако во вратата на фрижидерот! Еве како правилно да ги чувате јајцата

Наместо во вратата, јајцата треба да се чуваат на полиците на фрижидерот, но не блиску до ѕидот. На многу намирници веднаш може да се види кога ќе се расипат, но тоа не е случај со јајцата.

Експертите за храна открија како треба да го правите тоа.

– Чувајте ги јајцата во нивната кутија во фрижидер, но подалеку од силна храна, за да не ги апсорбираат вкусовите и мирисите преку нивната лушпа. Ако ги поставите со зашилениот крај надолу, жолчките ќе останат во средината на белките. Секогаш користете ги пред истекот на рокот.

Јајцата треба да се чуваат во фрижидер, идеално на температура помеѓу 0 и 5 степени. Фрижидерот помага да се забави растот на бактериите и го спречува брзото расипување на јајцата. Избегнувајте да ставате јајца во близина на задниот дел, каде што температурите може да бидат пониски.

Според експертите вратата е всушност најтоплиот дел од фрижидерот, бидејќи температурата се зголемува и паѓа кога се отвора и затвора. Ова е причината зошто некои експерти велат дека треба да избегнувате и да ставате млеко на вратата.

Најчитани вести