Николовска: Ова е битка на секој граѓанин за себе!

Се додека новинарите, докторите, професорите, работниците, земјоделците… се оградуваат од опозицијата, да не бидат оквалификувани како СДСМ или од некоја друга опозициска партија, се дотогаш Груевски ќе прави што сака.

Да, тие би биле во право да сме ние нормална демократска држава, каде се почитуваат основните права на граѓаните. Но, во време кога во Идризово е цела една телевизија и луѓе кои се спротиставиле на режимот, се додека во Шутка имаме новинари и жени кои по две години се во притвор, се додека Груевски користи комисии и динамит за да руши стопанственици и академици, а народот е сиромашен и исплашен, се до тогаш ние сите треба да бидеме ЗАЕДНО за да може да му се спротиставиме.

Ова не е битка за позиција или власт, ова е битка на секој граѓанин ЗА СЕБЕ !

Бриф.мк избор: Фејсбук статус на Ленче Николовска.

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести