Николовски: Имаме раст на домашното производство на пченица, само мал дел од потребите се увезува


„Оваа 2022 година по ништо не се разликува од минатите години во делот на увозот на пченица и пченка. Домашното производство на пченица изнесува 253 илајди тони, а годишните потреби за пченица се околу 300 илјади тони, што значи дека остатокот на пченица секоја година се обезбедува од увоз. Околу 90 % од пченицата, нашите мелничари ја увезуваат од Србија“, изјави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Неговиот одговор доаѓа по изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија нема да има забрана за извоз на пченица кон Северна Македонија и другите соседни земји.

-Според последните податоци, во 2021 година од Србија се увезени 65.000 тони пченица и 54.000 тони пченка. Во моментов, македонските млинови располагаат со доволно количество на залихи од пченица и пченка за покривање на домашните потреби, и нема простор за паника дека има недостиг на овие житарици. Со нашите соседи, комункациите во секторите се подразбира дека ни се на дневна основа за секоја земјоделска гранка што ја опфаќа нашата трговска размена, затоа што постои соработка меѓу министерствата, и вклучително таква е и комуникацијата со Србија. Претседателот Вуќич веќе изјави дека Србија нема да го спречи извозот на пченица и пченка, што значи дека нашите млинови повторно ќе имаат можност да си увезат пченица од Србија, како и секоја година – изјави Николовски.

Домашните стопанските субјекти имаат 45.000 тони залихи од пченица ова според мелничарите се сосема доволни количини за снабдување на домашниот пазар како и секоја година, и за прозиводство на брашно и пекарски производи.

Увозот на овие житарици пред жетва се спроведува секоја година, и споменатите количини се во годишните планови на стопанските субјекти за увоз, а со единствена цел навреме пред жетва да ги обезбедат потребите количини за покривање на домашниот пазар.

-Имајќи предвид дека домашното производство е стратешко за секоја сериозна држава, и ние како министерство и како Влада, континуирано преземаме мерки коишто значат зголемување на домашнтоо производство на житарици. За прв пат оваа Влада воведе мерката за кофинансирање на трошоците за набавка на нафта која со новите законски измени ќе изнесува 100%, ја зголемивме субвенцијата за пченица за земјоделците кои имаат површини од 5 до 50 хектари, за прв започнавме неселективна распределба на државното земјоделско земјиште – потсети Николовски и додаде дека годинава дополнително преку интерветниот фонд е планирана субвенција за ублажување на трошоците за набавка на ѓубриво за житните култури.

-Овие мерки веќе даваат резултат. Имаме зголемување на производството на пченица кое од 195 илјади тони во 2017-та, лани е зголемно на 253 илјади тони. И во следниот период продолжуваме со ова темпо на инвестиции во земјоделското производство, се со единствена цел да обезбедиме сигурност во производството на стратешките земјоделски гранки – рече Николовски.

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Економија

Најчитани вести