Николовски со тутунoпроизводителите во Прилеп: Субвенциите ги исплативме, продолжуваме заеднички и во новата реколта

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска е во посета на тутунопроизводителите во Прилеп, откако вчера им беа исплатени рекордни 26 милиони евра за субвенции за тутун.

„Дојдов во Прилеп, лично да им ја соопштам убавата вест на тутунарите, и да слушнам директно од нив како тече исплатата на субвенциите за предаден и произведен тутун од реколта 2022. Тутунот е важна култура за државата, но и тешка и макотрпна работа за производство. Затоа ние ја цениме и вреднуваме маката на тутунарите“, соопшти Николовски.

„Дадениот збор го исполнивме. ✅️Рекордни 26 милиони евра се слееа на сметките на тутунарите, со едно решение во еден ден. ✅️За прв пат откупната цена достигна 290 денари по килограм, како никогаш досега имавме година во која се откупот помина во без ниту еден проблем, а целокупното производство беше откупено 2 месеци порано. ✅️Подготвени сме и оваа 2023 како министерство, заедно со тутунарите да постигнеме уште подобри резултати“, истакна Николовски.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Македонија

Најчитани вести