Ноќеска крвава тепачка во скопскиот клуб „Тао“, играле ножеви и летале шишиња на сите страни

Во ноќниот клуб „Тао“ кој се наоѓа кај Железничката станица во Скопје ноќеска се степале две групи момчиња. Во тепачката едно лице се здобило со убодна рана од остар предмет, а друго со расекотина на главата од удар со шише.

Тепачката се случила околу 3 часот и 35 минути по полноќ меѓу повредениот 34-годишниот Д.Ј., 24-годишниот В.К. 21-годишниот Х.Н. и 26-годишниот А.Ѓ, од една страна и 23-годишниот Б.Ш, кој има расекотина на главата од удар со шише и 28-годишниот Д.Т. од друга страна.

Лицата се приведени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника