Носат лоша среќа и сиромаштија:  Овие 7 работи никогаш не ги позајмувајте никому, дури ни на најблиските!

Фенг шуи е древна кинеска уметност за уредување на просторот која има за цел да создаде хармонија помеѓу човекот и неговата околина

Астролозите и експертите за фенг шуи предупредуваат дека одредени предмети од куќата никогаш не треба да се позајмуваат, дури ни на најблиските луѓе. Подолу откриваме кои работи можат да ви ја нарушат судбината доколку го напуштат вашиот дом.

1. Чинии, тенџериња и прибор за јадење

Според фенг шуи, садовите ја носат енергијата на домот. Кога ќе позајмите некому чинија, тава или која било опрема во кујната, вие споделувате дел од вашата судбина и благосостојба. Оштетените садови се особено опасни бидејќи симболизираат пукнатини во вашата животна енергија и можат да донесат финансиски загуби или раздор во домот.

2. Паричник и чанта

Позајмувањето паричник или чанта е поврзано со одлив на пари и губење контрола врз финансиите. Ако не сакате да бидете изненадени од трошоците или да ви „протечат“ парите надвор од контрола, не го давајте паричникот никому – ниту на кратко.

 3. Гардероба

Иако е вообичаена практика жените да си позајмуваат облека една на друга, фенг шуи советува тоа да го избегнувате. Облеката ја носи личната енергија и емоционалната состојба на сопственикот. Ако навистина не ви треба, подарете ја, но прво енергетски исчистете ја – потопете ја во вода со сол околу 30 минути.

 4. Сол – најопасниот предмет за позајмување

Солта во фенг шуи има моќна енергетска фреквенција. Се верува дека привлекува или одбива лоша среќа. Затоа е строго забрането да позајмувате сол – ако некој ви побара сол, дајте ја како подарок, никогаш како заем.

5. Обувки

Обувките симболизираат личен пат, стабилност и кариера. Позајмувањето може да влијае на неуспесите во професионалниот напредок и да внесе немир во секојдневниот живот. Ако не ви се допаѓа гостите кои влегуваат во куќата облечени во чевли, набавете специјални влечки само за нив – како оние во хотелите.

6. Часовник

Часовникот е симбол на времето и текот на животот. Позајмувањето часовник носи ризик од преземање на туѓа карма или негативна енергија, особено ако личноста е во тежок период од животот. Со враќање на часовникот назад, со него се враќа и несаканата енергија.

7. Накит

Накитот е еден од најличните предмети што ги поседуваме, бидејќи носи директна врска со енергијата на телото. Фенг шуи советува да не го позајмувате вашиот накит или да не носите туѓ. На овој начин можете, верувале или не, да ги преземете туѓите емоционални проблеми и несреќи.

Според фенг шуи, позајмувањето одредени предмети од куќата може да ја отвори вратата за лоша среќа, финансиски загуби, па дури и здравствени проблеми. Ако сакате енергијата во вашиот дом да биде силна, стабилна и позитивна – размислете добро пред да дадете нешто „на кратко“, пишува српски Ало.

Најчитани вести