Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и седмиот пораз во кошаркарскиот Еврокуп.
На дуелот одигран попладнево во СЦ Борис Трајковски во Скопје, МЗТ загуби од турската екипа Банвит со 68:86 по четвртини 22:21, 18:19, 11:15 и 17:31.
Само двајца кошаркари на МЗТ постигнаа двоцифрен број на поени. Кејт Дејвис постигна 14, а Тодор Гечевски беше стрелец на 12 поени.
Затоа пак во тимот на Банвит, Американците Чак Дејвис со 21 и Ерл Роуланд кој постигна 20 поени беа нерешлива енигма за одбраната на македонскиот првак.
На МЗТ не му помогнаа ниту новиот тренер Зоран Мартич за кој овој натпревар беше деби на клупата на аеродромци, ниту Кирил Николовски кој по повеќе месечната пауза поради повреда за прв пат се врати на теренот.
Покрај овој натпревар кој се игра во рамките од 8.коло на групата Г, Уникс Казан убедливо со 50 поени разлика го победи Калев Талин 94:44, а во Хаифа се игра последната четвртина од дуелот меѓу Макаби и ВЕФ Рига.
Табела: Уникс Казан 8-0 (победи-порази), Макаби Хаифа 5-2, Банвит 4-4, Рига 4-3, Калев Талин 1-7 и МЗТ Скопје Аеродром 1-6.


