Кошаркарите на Атланта успеајаа да им се реваншираа на кошаркарите на Њујорк за поразот на домашен терен откако ноќеска славеа убедливо во „Медисон Сквер Гардер“ со 110:90 (24:26; 30:21; 26:22; 30:21). Ова за Њујорк беше петти пораз по ред на домашен терен.
Во редовите на Атланта втор натпревар по ред не играше македонскиот кошаркар Перо Антиќ. Неговите соиграчи кои беа на теренот беа ефикасни, а осум од нив постигнаа двоцифрен број поени. Предводници беа: Џеф Тиг 16 поени, Кајл Корвер 15 . Најпрецизен на натпреварот беше Кармело Ентони со 23 поени. Атланта следниот натпревар го игра на 19.ноември на гости кај шампионот Мајами.
Ноќеска првиот пораз во лигата го претрпе Индијана, која загуби на гостувањето кај Чикаго.
Преглед на резултатите на ноќешните натпревари: Шарлот – Мајами 81:97, Орландо – Далас 100:108, Вашингтон – Кливленд 96:103 (продолжение), Њујорк – Атланта 90:110, Чикаго – Индијана 110:94, Хјустон – Денвер 122:111, Минесота – Бостон 106:88, Њу Орлеанс – Филаделфија 135:98, Милвоки – Оклахома Сити 79:92, Голден Стејт – Јута 102:88 и Лос Анџелес Клиперс – Бруклин 110:103.
Вечерва се играат три натпревари: Торонто – Портланд, Сакраменто – Мемфис и Лос Анџелес Лејкерс – Детроит.


