Нова порака од Ѓоковиќ: Збунет сум како и остатокот од светот

Откако познатиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ вчера предизвика лавина од коментари со неговата изјава дека не сака да прима вакцина против коронавирусот, денеска тој има нова порака.

„Не сум експерт, но би сакал да можам да избирам што е најдоброто за моето тело. Ќе продолжам да ја истражувам оваа тема затоа што е важна и ќе влијае на сите нас. Да бидам искрен, малку сум збунет, каков што е и остатокот од светот. И покрај тоа што имам пристап до многу информации, се двоумам околу тоа што е најдобро да се направи во оваа ситуација, вели Ѓоковиќ во изјавата доставена до Њујорк Тајмс.

Ѓоковиќ вчера рече дека ќе биде во дилема ако АТП ги задолжи играчите да имаат примено вакцина пред да се вратат на терен. Ако вакцината биде задолжителна, тој не би знаел што би правел, бидејќи лично не сака да се вакцинира и има свои ставови околу таа тема. На неговата изјава веднаш реагираа неколку епидемиолози велеќи дека имунизацијата на населението против многу опасниот коронавирус е многу важна за општеството, па го замолија во иднина да се воздржува од одговори на вакви прашања бидејќи има големо влијание.

]]>

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести