Новак и Јелена Ѓоковиќ позитивни на Ковид 19

Новак и Јелена Ѓоковиќ се позитивни за коронавирусот.

Славниот тенисер вчера се врати во Белград од Задар, со целото семејство, во согласност со препораките на епидемиолозите, затоа што бил во контакт со Григор Димитров, кој веќе објави дека е позитивен на Ковид 19.

-Веднаш по пристигнувањето во Белград, отидовме да се тестираме. Мојот и резултатот на Јелена се позитивни. Децата се негативни – се наведува во соопштението од тимот на Ѓоковиќ.

Дури 22 лица со кои Бугаринот Димитров бил во контакт, беа тестирани во неделата вечер, а тројца од нив беа позитивни – Кристијан Грох, тренерот на Димитров, Марко Паники, фитнес тенерот на Ѓоковиќ и Борна Чориќ, хрватски тенисер.

]]>

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести