Новинарката на „Би-Би-Си“ и директорка на Институтот за воено и мирнодопско известување, Џеки Сутон, е пронајдена мртва на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, откако го пропуштила поврзувачкиот лет за Ирак.
Педесетгодишната Сутон е пронајдена обесена во тоалетот, откако го пропуштила летот од Истанбул за Ербил. Според аеродромскиот персонал, Сутон изгледала вознемирено кога им соопштила дека мора да купи друг билет.
Безживотното тело на Сутон е пронајдено неколку часа подоцна. Околностите на нејзината смрт сè уште се непознати, но нејзини пријатели и колеги тврдат дека мора да станува збор за убиство.
Сатон, која зборувала пет јазици, вклучувајќи и основно ниво на арапски, пред смртта посетувала докторски студии при Центарот за арапски и исламски студии на Австралискиот национален универзитет.
Таа вршела истражувања на тема меѓународна развојна поддршка за жените во медиумите во Ирак и Авганистан во периодот од 2003. до 2013. година, а од јули па сè до смртта била ангажирана на теренски истражувања во Ирбил.
Се верува дека Сатон била и актуелен директор на Институтот за известување во мирни и воени услови – “IWRP”. Само пет месеци претходно, нејзиниот претходник на таа позиција загинал во експлозија на автомобил-бомба во Багдад, наведува Daily Mail.



