Новите преговори ќе се одржат на местотo каде што се потпиша договор за „распаѓање“ на СССР?!

Белоруското министерство објави слики од „Ловната куќа“, и тврди дека таму ќе се одржи втората рунда преговори меѓу Русија и Украина.

Новата рунда преговори меѓу Русија и Украина треба да започне во областа на Беловежска шума, јавувија руските медиуми.

Станува збор за локација на белоруско-полската граница, каде во декември 1991 година беше потпишан договор за распаѓање на Советскиот Сојуз.

Руската агенција РИА Новости јавува дека руската делегација пристигнала на договорената локација.

Засега нема информации кога би можела да пристигнат и од украинската страна. Според досегашните информации, украинската делегација е тргната од Киев, но како можно време на почеток на преговорите е дури утре наутро.

https://twitter.com/BelarusMFA/status/1499054479529943040

Шефот на руската делегација Владимир Медински за локалните медиуми изјави дека украинскaта делегација го напуштила Киев, а руските сили им обезбедиле безбеден коридор за патување.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести

Најчитани вести