Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во финалето на фјучрсот во двојки во Анталија.
Таа во полуфиналето попладнево заедно со Анастасија Вдовенко од Молдавија (3 носителки) ги победија првите носителки Наталија Костиќ (Србија) и Моник Цур (Холандија) со 6:4 и 6:2 во гемови.
Нивни противнички ќе им бидат Бјанка Хинку (Романија) и Киока Окамура (Јапонија). Ова за Ѓорческа ќе биде трето финале во низа во Анталија, а вкупно десетто во 2013 година. Ѓорческа на досегашните девет финални мечеви во двојки победи на шест.


