Експертите за наградни игри при Владата на Република Македонија подготвуваат ново изненадување за верните играчи на лото. Станува збор за извлекување на среќни добитници на неверојатни дваесет возила со полициски ознаки со само дваесет казни за погрешно паркирање. Наградната игра ќе се вика “Возило со лисици, за да те извлечат мисици”. Право на учество имаат сите сопственици на возила со македонски регистарски таблички. За оние со бугарски таблички, главната награда ќе биде летување за двајца во полициското одморалиште на Златните песоци во Варна.
– Очекуваме се да биде според законот и позитивните прописи и норми. Граѓаните кои ќе ја платат својата казна треба да бидат наградени. Ова ќе го намали притисокот за фаќање врски во МВР и практиката на кинење на казни – смета министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
извор: Коза Ностра, портал за сатира и измислени вести


