Новогодишна ноќ: 18 повредени во сообраќајки,16 лица претепани

Во текот на новогодишната ноќ во Ургентниот центар беше релативно мирно и беа прегледани 56 пациенти. Од нив 15 пациенти беа повредени во сообраќајна незгода, 7 беа повредни во физички нападади а двајца пациенти паднале на снег, информираше д-р Андреа Гавриловиќ од Ургентниот центар во Скопје.

Најголемиот дел од лицата биле пратени на домашно лекување, двајца од нив биле префрлени на Универзитетската клиника за трауматологија, а едно лице на торакална и сите се вон животна опасност.

На Универзитетската клиника по хируршки болести во текот на ноќта биле примени 52 пациенти.

– Од нив 9 биле повредени во тепачки, 3 сообраќајни незгоди, тројца со повреда од петарда и двајца пациенти со акутен абдомен. Шест пациенти се хоспитализирани, а останатите се пуштени на домашно лекување, изјави  д-р Јасминка Чубаковска директор на Универзитетска клиника за хируршки болести.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести