Новогодишното обраќање на премиерот ќе се падне на екстерно, научете го напамет

Преку соопштение испратено до медиумите, Владата даде објаснување зошто новогодишното обраќање на премиерот Никола Груевски се пушта по сто пати на ден на сите телевизии.

„Се работи за помош на учениците и студентите во нивното образование. Со оглед на тоа што и основците и средношколците, а сега и студентите ќе полагаат екстерно/државен испит, истите треба добро да ги знаат прашањата, за да можат да го положат истиот. За оваа година, најголемиот дел од прашањата ќе бидат извадени од новогодишното обраќање на премиерот, па добро е учениците и студентите да го научат напамет“, стои во соопштението од Владата.

Според истражувањето на инститот Павел Шатев, обраќањето на премиерот има голем импакт во меѓународната научна заедница.

Извор: Козаностра, портал за сатира и измислени вести

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести