Нумерологијата открива на кои органи треба да обрнете внимание!

На почетокот ви донесуваме еден пример како да дознаете кој е вашиот број.

Датумот на раѓање ви е 10 октомври 1985 година, броевите ги собирате се додека не добиете едноцифрен број: 10+10+1+9+8+5, со ова вашиот број би бил 7.

Број 1 – ја потенцира енергијата на Сонцето. Луѓето со број 1 мора да внимаваат на трошењето енергија, зашто недостаток на сон и многу стрес предизвикува проблеми со циркулацијата, висок крвен притисок и проблеми со срцето. Треба повеќе да одмарате и задолжително консумирање жолто овошје и зеленчук.

Број 2 – имате нагласена енергија на Месечината во датумот на раѓање. Овие луѓе имаат проблеми со цревата, грчеви, лош сон и лошо варење. Потребно е внесувањето на магнезиум и други витамини.

Број 3 – имате нагласена енергија на Марс, која иницира чести конфликти. Луѓето со овој број треба да консумираат најмногу црвено овошје, да користат различни зачини, за да постигнат рамнотежа.

Број 4 – имате нагласена енергија на Меркур. Овие луѓе се доста чувствителни треба психотерапијата да ја применуваат во одредени временски интервали, што ќе ги зацврсти за понатамошните предизвици. Во секојдневната исхрана значајно место заземаат житариците

Број 5 – имате нагласена енергија на Јупитер. За оие луѓе најголеми непријатели се брзо темпо на живот, главоболки и чест замор, ззатоа треб да консумираат храна со виолетова боја.

Број 6 – имате нагласена енергија на Венера. Тоа укажува на проблеми со белите дробови и зголемена чувствителност затоа им е потребенсвеж воздух и избегнување на цигари. Наместо благо треба да јадат боровинки и смокви.

Број 7 – имате нагласена енергија на Сатурн. Изразен е проблемот нервите и кожата, затоа овие луѓе треба да избегнуваат прекумерно изложување на сонце. Месото да се јаде што помалку а задолжителни се печурките. Добро е да користите круши,лимони и зелени јаболки.

Број 8 – имате нагласена енергија на Уран, со многу проблеми со жолчното кесе и црниот дроб. Кај жените пак бројот 8 е поврзан со гениталиите и репродуктивниот систем со тенденција кон депресија. Затоа многу важен е одморот и консумирање на зелен зеленчук, црн чај и месо од риба.

Број 9 – имате изразена енергија на Нептун, тоа укажува  на склоност кон алергии, послаб имунитет, грозница, затоа не треба да консумирате тешка и мрсна храна, туку на храна без вишок маснотии. Во исхраната вклучете ги морските плодови, маслиновото масло, јадења од риба, лимони и егзотично овошје.

Најчитани вести