Избраниот американски претседател, Доналд Трамп го почна денот по инаугурацијата со посета на црква, информира Франс прес.
Идниот претседател, неговата сопруга Меланија и неговите најголеми деца пристигнаа во црквата „Свети Јован“ крај Белата куќа. Тие присуствуваа на едночасовна служба, пред состанокот со претседателот во заминување, Барак Обама и неговата сопруга Мишел.
Барак и Мишел Обама ги пречекаа Доналд и Меланија Трамп во Белата куќа.
Како домаќин на настанот, Обама ја претстави сопругата на новоизбраниот претседател, Меланија и даде подарок на Мишел, по што четворицата влегоа во Белата куќа. Тие ќе пијат чај, по што ќе одат на Капитол, каде Доналд Трамп ќе положи заклетва.


