Обид за грабеж на градски автобус, по направена сообраќајна несреќа

Два градски автобуси вчера направиле мала сообраќајна незгода, при што шоферитие на автобусите излегле да видат каква штета е направена.

Во меѓувреме за деветнаесетгодишниот патник во еден од автобусите, А.М од Скопје, ова било прилика да ја ограби касата на автобусот, но бил спречен од М.И. (25), исто така патник во автобусот. За да успее во својата намера А.М. ја нападнал девојката при што ѝ удрил бокс во пределот на главата.

Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна та пријава, по расчистувањето на случајот.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника