Обидот за режиран етнички судир е велепредавнички и антидржавен акт за кој се одговара кривично

Обидот за вовлекување на Македонија во платен, режиран и свесно инициран етнички судир, како сценарио за извлекување на власта од кривичната одговорност е велепредавнички и антидржавен акт на сите инволвирани против сопствениот народ и сопствената држава !
Секое вид на подготвување, овозможување, помагање и свесно учество во вакови и други видови на насилство се акти на директно помагање во избегнување на одговорноста на оваа криминална власт !
Платеното и медиумски осмисленото сценарио на власта за подгревање на меѓуетничката нетрпеливост и измислувањето на непријатели и напад е одговорот и местото за барање на одговорност за се што се случува и би се случувало !
Власта треба да сфати дека со секој изминат ден со нив штетите и срамот за државата и за народот се се поголеми ! Државните институции што ги претворија во партиски штабови заборавија на нивната вистинска задача …
Граѓаните на Македонија (Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци …), се мудри за да оценат кој сака да им го украде мирот и спокојството …
ОДГОВОРНОСТА ЗА СЕ Е НА ВЛАСТА !

Фејсбук статус на Фросина Ременски, потпредседател на СДСМ

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести