На аеродромот во Џакарта веќе се пристигнати и роднини и семејства на патниците во авионот кои чекаат вести за своите најблиски.
Локалните медиуми пишуваат како тие меѓусебно се гушкаат за да си дадат утеха едни на други.
Авион на авиокомпанијата „Сривиџава ер“ исчезна од радарот неколку минути по полетувањето од аеродромот во Џакарта. Авионот се урнал од висина од околу три километри за помалку од една минута. Станува збор за авион Боинг 737-500.