Објавено е видео од последните моменти на убиената пејачка

Учесничката во музичкото шоу „Д Воис“, Кристина Грими (22) почина синоќа откако беше застрелана од неименуван маж,по завршувањето на нејзиниот концерт во Орландо, Флорида.

На Инстаграм се појави снимка која е снимена неколку минути пред кобната случка.

– Не можам да верувам, само што бев на концертот и супер се забавував, а на пат кон дома разбрав дека некој ја застрелал – напишала обожавателката која ја објавила снимката од концертот на 22-годишната пејачка.

Веста за смртта на Грими ги шокирала и менторите на шоуто „Д Воис“ во чија шеста сезона се натпреварувала и Кристина и завршила помеѓу трите финалисти.

Од полицијата е соопштено дека инцидентот се случил во театарот „Плаза лајв“, како и тоа дека во општиот метеж, братот на пејачката скокнал на убиецот и спречил поголем масакр.

Напаѓачот кој бил соборен од братот на пејачката, потоа извршил самоубиство. Засега не се познати мотивите за убиството.

Видеото може да го проследите на следниот линк.

Најнови вести

Најново од Видеа, Топ Вести

Најчитани вести