Обвинетиот Ален Зекиров не дојде во Судот да го слушне вештачењето за сообраќајката од пред четири ипол години

Во судницата на Основен суд Скопје 1 денеска се појавија тројцата вештаци од Бирото за судски вештачења, но изостана обвинетиот Ален Зекиров. Судот констатираше дека не постои уредна покана до обвинетиот, а неговиот адвокат Антонио Апостолски најави дека ја презема обврската да го извести својот клиент за наредното рочиште закажано за 3 април. 

Денешното вештачење требаше да биде трето по ред за сообраќајната несреќа која се случи пред четири ипол години. Во јануари 2013 година, во судницата сведочеше вештото лице на МВР. Вештакот повикувајќи се на материјалните траги од самото место на несреќата тврдеше дека критичниот ден, Зекиров возел по „Партизанска“ на левата лента од коловозот, а сега починатиот Серафимовски ја преминувал улицата по пешачки возејќи велосипед. Зекиров во велосипедистот удрил со брзина од 65 километри на час и велосипедистот летнал 22 метри од ударот.

На ваквиот исказ на вештото лице тогаш реагираше адвокатката на семејството Серафимовски, Весна Ивановска. Таа рече дека вештачењето се разликува од она на вештакот кој семејството на починатиот го ангажирал приватно. Според тоа сведочење, Зекиров се движел по средишната лента на булеварот, а Серафимовски го туркал велосипедот дедека пешки на пешачки ја преминувал улицата. Па Ивановска, тогаш го праша вештакот на МВР дали со тоа што тврди дека обвинетот возел на левата страна, сака само да даде основ на неговото тврдење дека Серафимовски го возел велосипедот на пешачки, што претставува прекршок. Третото вештачење треба да одговори на клучното прашање дали критичниот момент Серафимовски бил качен на велосипед или одел пешки и го буткал. извор: Акедемик]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести