Обвинителот Зврлески објаснува: Најлесно се перат пари во урбанизмот

Парите се перат на повеќе начини, но најлесно е преку градба на објекти обезбедени од валкани пари, објасни државниот јавен обвинител Марко Зврлески во поздравното обраќање на дводневната регионална конференција за размена на искуства и јакнење на соработката во областа на финансиските истраги и перење пари, што се одржува во Скопје, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија. -Во Македонија има перење пари, но за разлика од други земја овде се случува обратен процес, а тоа е чистите пари да ги правиме валкани. Парите не се перат само во урбанизмот, туку на повеќе други начини, но најлесно е преку градба на објекти обезбедени од валкани пари- рече Зврлески.]]>

Најчитани вести