Обвинителството засега не дава детали за пронајдено женско тело во Зрновци, клучна обдукцијата

По вознемирувачкиот настан вчера во Зрновци, местото викано Ѓошевски орев, во близина на Зрновска река каде беше пронајдено женско тело во фаза на распаѓање денеска од обвинителство велат дека во моментов нема информации кои можат да се споделат со јавноста. 

Вчера официјално мвр ја потврди информацијата и наведе дека во СВР Штип околу 10.40 ч  настанот бил пријавен и преземаат мерки за расчистување на случајот.

И од обвинителството преку писмено соопштение информираа дека телото на починатата е предадено на обдукција и истата ќе покаже кои биле причините. Според неофицијални информации, телото било пронајдено без череп, рака и дел од нога, но официјално надлежните не споделуваат детали во моментов.

Извор 24ТВ

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести