Одмор. Овојпат навистина ќе биде одмор, посветен на здравјето и на семејството. Повеќе време да поминам со мојата потпора и поддршка во секоја ситуација. Повеќе време со мојот херој Билјана Јанкуловска, а со нејзе ниедна ситуација не е тешка.
За жал извесно време нема да сум дел од вакцинацијата но се надевам дека од утре ќе биде многу помасовно, многу мои познати па и непознати без термин секојдневно ќе ми пишуваат „се вакцинирав“.
Чувајте се и понатаму за што побрзо да кажеме конечно КРАЈ на ова лудило кое предолго трае. Се дружиме секако и понатаму, се надевам набрзо и ќе си се видиме онака како што сакаме и како што е најубаво, со многу насмевки, прегратки и многу многу љубов.
И да. Здравјето пред се. Ма немам гајле, кога имам таква позитивна енергија околу мене
Се` ќе биде. Се` што ни треба е позитивна мисла, ведар дух и убава песна.
Се слушаме, читаме и гледаме
Гуш и бац од Космонаутко Одморко
Фејсбук статус на Дејан Јанкуловски
]]>


