Густ чад се крева меѓу улиците „Раштани“ и „Питу Гули“ во Кавадарци. Опожарена е куќа од удар на гром. Според неофицијланите информации пламените јазици се прошириле и на шест соседни куќи. Во моментот екипи на противпожарните единици од Кавадарци и Неготино интервенираат за локализирање, јавува Дума.
Засега нема информации за повредени лица од пожарот.
Извор: Дума


