Од мост со автомобил излетале на автопат, тројца загинати

Во сообраќајната несреќа која се случила попладнево автомобил излетал од мостот кај кумановската населба Бедиње. Автомобилот паднал од мостот кој од Куманово води кон Лопате и општина Липково. БМВ-то во кое имало 5-мина помлади момчиња од засега непознати причини удрило во оградата на мостот и слетало на автопатската лента која од Скопје и Куманово води кон границата на Табановце и Србија.

Тројца од патниците загинале, а двајца се повредени, изјавија за Телма очевидици од местото на настанот. Според првичните информации меѓународниот автопат Скопје-Белград е во прекин бидејќи по несреќата на автопатот се превртела и цистерна.

Возачот на цистерната најверојатно се обидел да ги избегне момчињата кои со БМВ слетале од мостот и го превртел камионот кој излетал на спротивната автопатска лента која води кон Скопје и кон Велес, тврдат очевидци на состојбата. Сообраќајот не се одвива, а двете повредени момчиња се префрлени на скопските клиники. Во тек е и полициски увид.

Извор: Телма

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести