Утре со почеток во 12 часот, ќе почне продажбата на влезниците за натпреварот меѓу Металург и Загреб Кроациа Осигурање во рамките на Регионалната лига. Продажбата ќе се реализира преку „КупиКартиЗаСе“, а билети може да се купат и онлајн на www.kupikartzase.com .
Натпреварот Металург- Загреб КО ќе се одигра во сабота со почеток во 17.45 часот, во СЦ Борис Трајковски. Цената на влезниците е 100 денари, а влезот е бесплатен за сите кои поседуваат сезонски билети.


