Сопственикот на порталот “Доказ.мк”, Марјан Стаменковски, против кого скопското Обвинителство добило повеќе пријави по кои постапува, ноќта ќе ја помине во полициска станица. Таму ќе биде задржан, се додека обвинителот не одлучи дали ќе бара од судот на Стаменковски да му бидат одредени мерки за обезбедување на присуство. Постојат и информации кои говорат дека додека траел претресот Стаменковски побарал медицинска помош, поради што била повикана Брза помош.
Како што пишува порталот “24инфо” од неговиод дом биле запленети компјутери, телефони, пари. Неофицијално, извори од МВР, посочуваат дека се најдени и полициски белешки кои исто така ќе бидат одземени.
Претресот во домот на Стаменковски траел повеќе часови. Меѓу останатото, полицијата по наредба на обвинител, одзела и мемориски уреди. За сето ова, Обвинителството најави детали за во текот на утрешниот ден.
Засега, официјално од Обвинителството е само информацијата дека во тек е постапка против сопственикот на порталот. Со оглед дека постапката за обезбедување на докази е во тек, не соопштуваат повеќе детали.
Извор: 24инфо.мк


