Одземено возило во Кавадарци поради создавање бучава

Во текот на вчерашниот ден во 22.40 часот во Кавадарци полициски службеници од ПО БПС Кавадарци сопреле патничко моторно возило „бмв“ со кавадаречки регистерски ознаки, сопственост и управувано од Р.С. од Кавадарци, а во врска со претходна објава на социјалната мрежа инстаграм, на која се гледа дека возачот го управува возилото со нагло зголемување на брзина, со што предизвикува пролизгување на погонските тркала и создавање бучава. Од страна на полициските службеници возилото е одземено по член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На 14.03.2025 во Станица за технички преглед во Кавадарци извршено е мерење на бучава и утврдена е бучава над дозволената. Согласно член 344 став 3 од ЗБСП, возилото „бмв“ е привремено одземено на период од 90 дена, соопштија од МВР.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести