Непознат сторител во објект во состав на манастирот „Св. Спас“ во село Аргулица, Општина Карбинци, извршил тешка кражба кршејќи го стаклото од прозорецот на просторијата за молитва.
Крадецот одзел постелнини, алишта и прехранбени производи, а потоа го напуштил местото. Случајот бил пријавен вчера, а полицијата работи на негово расчистување.
]]>


