Ограбени четири цркви во Охридско

Ограбени се четири цркви  во охридските села Куратица и Завој, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Ноќта меѓу 26 и 27 во село Куратица непознат сторител насилно влегол во црквите „Св. Богородица“, „Св. Димитрија“ и „Св. Никола“, од каде украл  3.700 денари.

Од црквата Св.Богородица“ во Завој, се украдени 3.000 денари. Кражбата, според полицијата, се случила  во периодот од 16 до 27 март. Се преземаат мерки за откривање на крадците.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести