Околу 33.000 евра украдени во вооружен грабеж пред банка во Сарај

Полицијата потврди дека пред експозитура на банка во скопски Сарај, маж бил жртва на вооружен грабеж.

Тројца вооружени со автоматски пушки го ограбиле 27-годишниот клиент на банката и му ги зеле парите кои ги имал со себе пред експозитурата во центарот на Сарај.

По разбојништвото тројцата вооружени со калашњикови избегале во правец на Матка со автомобил.

Порталот 360степени.мк објави дека од жртвата биле украдени 2 милиони денари, (околу 33 илјади евра).

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести