Опожарена продавница на роднина на заштитен сведок во случајот „Ореше“

Ноќеска избил пожар во продавницата на дедото на заштитениот сведок во случајот со платеното убиство во велешко Ореше.

Огнот зафатил и возило мерцедес паркирано до продавницата. Полицијата привела две лица. Едниот од нив е Ѓоре Петровски, обвиниет во случајот за нарачка на убиството на старецот Лазо Милошевски од Ореше.
Повеќе детали полицијата соопшти за подоцна, во текот на денот.

За случајот Ореше, Петровски е осуден на 13 години затвор, но, заедно со уште двајцата обвинети не се во притвор бидеќи одлежаа две години. Законски повеќе од ова не може да бидат во притвор, па до правосилност на пресудата осудените остануваат на слобода. Заради овој судски процес и контраверзиите околу него, настрадаа судии, обвинител и новинар.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести