Шампионот во Формула 1 Себастијан Фетел од тимот на Ред Бул оствари уште една победа, вкупно осма по ред откако синоќа триумфираше на патеката во Остин на трката за Големата награда на САД.
Германецот од самиот старт ја имаше водечката позиција и без проблеми стигна до победата со што го мина својот сонародник Михаел Шумахер, кој има седум победи по ред.
За Фетел ова е 12.та победа сезонава или 38.ма во кариерата.
Второто место му припадна на возачот на Лотус Роман Грожан, додека трет заврши Марк Вебер од Ред Бул.
Луис Хамилтон од Мерцедес заврши на 4.место, а петти целта ја мина Фернандо Алонсо со Ферари, кој го издржа пристокот на Нико Хулкенберг од Заубер во последните неколку кругови.
Во генералниот пласман во пресрет на последната трка Фетел има 372 бода, Алонсо 227 и ги имаат обезбедено првите две места. Хамилтон е трет со 187, Кими Раиконен (кој нема да вози во Бразил) има 183, а Марк Вебер 181.
Кај конструктори води Ред Бул со 513 бодови, Мерцедес има 334, Ферари 323, а Лотус 297.
Последната трка за вози во Сао Паоло за ГН на Бразил на 24 ноември.


