Осум медали за македонската карате репрезентација во Белград

Македонската карате репрезентација освои еден сребрен и седум бронзени медали на 31. ЕТКФ oфицијален Европски карате шампионат за сениори, младинци, јуниори и кадети, што се одржа од 6 до 8 декември во Белград.

Во категоријата енбу маж/маж-кадети со сребрен медал се закитија Огнен Тасевски и Виктор Давков.

Бронзен медал во категоријата фукуго-сениори доби Дејан Недев, во кого кумите-сениори добија Аљоша Недев и Кристијан Кајчевски. Бронзен медеал во кого кумите-сениорки освои Јадранка Недева Јарчевска. Бронзен медал во енбу маж/жена-сениори добија Матеј Ангеловски и Јадранка Недева Јарчевска, додека Матеј Ангеловски доби бронза во фукуго-младинци и кого кумите-младинци.

На ЕШ во Белград учествуваа 489 натпреварувачи од 24 земји.

Најчитани вести